Богатите земји наместо да ги вакцинираат децата, нека ги донираат вакцините.

Ваква порака денеска испрати Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на денешниот брифинг изјавил дека втората година пандемијата ќе биде посмртоносна од првата, а дека посебна загриженост предизвикува ситуацијата во Индија, пренесува “Reuters”.

Досега во светот се потврдени скоро 162 милиони случаи на коронавирус, а починале повеќе од 3 милиони луѓе.