Работнички е вториот полуфиналист во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако по голема борба го совлада ТФТ со 66-62.

Искуството на избраниците на Димитар Мираковски на крајот беше пресудно, овој тим добро знае како се добиваат ваквите мечеви.

„Тој што разбира кошарка знае каков тим е ТФТ, ние и останатите тимови цела сезона се мачеа со нив, знаевме дека нема да биде лесно. Честитки до нив за енергијата со која ги играат натпреварите.

Имавме многу промашени отворени шутеви. Добро е што играчите сфатија дека ваквите мечеви се добиваат со добра одбрана, стиснаа заби, одиграа добро во дефанзивата во клучните моменти.

Според мене првиот меч е најтежок, игравме во грч, утре ќе биде поинаку, ќе играме послободно без разлика кој ќе биде нашиот противник“, изјави Мираковски.

sportmedia.mk