Екипата на Куманово е првиот патник во финалето во Купот на Македонија во жеснка конкуренција, го совлада Металург со 27-23.

Боризовска и Амела со по шест погодоци беа најефикасни кај победникот, во редовите на тимот од Автокоманда, Божиновска имаше седум гола.

Двата тима одиграа неизвесно во првото полувреме, ракометарките на Металург имаа водство од 5-7, но гостинките брзо се вратија, на паузата заминаа со минимални 13-12. Нешто подобра игра им донесе позитива од 19-14. Металург успеа да намали на два гола, но не и да приреди нов пресврт.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Вардар и Чаир.

The post Кумановки први до Куп-финалето appeared first on Sportmedia.mk.

sportmedia.mk