Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува повторно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, поради како што вели слабото работење на енергетските компании во државата. Тој обасни дека пред се станува збор за ЕВН и МЕПСО.

„ Мислам дека неминовно е да имаме зголемување на цената на електричната енергија и во насока на тоа во годината која што е кризна јас би сакал да ги советувам властите да ја намалат основицата, односно да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, со тоа да го ублажат ценовниот шок кој што ќе следи со евентуалното зголемување на електричната енергија. Ние како пратеничка група, размислуваме да предложиме еден таков закон за Парламентот, за тоа што цениме дека на тој начин ќе бидат растеретени сметките за електрична енергија на граѓаните, но истовремено ќе бидат и растеретени и од бизнис заедницата“, појасни Мицкоски.

makfax.com.mk