Пелистер и Академија ФМП дадоа одличен вовед на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, по голема драма беше решен патникот во полуфиналето, а таму одат кошаркарите на Академија ФМП кои славеа со 98-100. Јунак на мечот е Крстајиќ погоди важна тројка на осум секунди до крајот и беше најдобар во редовите на својот тим.

Противник во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу МЗТ Скопје и Куманово.

Иако битолчани влегоа како големи фаворити, сепак на другата страна го имаа мотивираниот скопски состав, кој одлично се подготвил за оваа средба. По првата четвртина подобри беа „академците“ со 21-25, Пелистер го врати ударот, на полувремето беше 57-53.

Неизвесната битка продолжи и по одморот, пред крајот на овој период Академија ФМП имаше плус три (77-80). Следеше серија на битолчани од 8-0 за водство од 85-80. Не предадоа избраниците на Александар Петорвиќ, со тројката на Стојановски и двата поени на Крстајиќ се вратија во игра, на четири и пол минути до крајот, поведоа со 85-88.

Академија дојде на плус четири 87-91, но битолчани израмнија на 91-91. Дуелот влезе во неизвесна завршница, се чекаше еден од тимовите да погреши. Малешевиќ во последната минути заработи техничка грешка, притисокот растеше (96-96).

На осум секунди до крајтот, најдобриот кај Академија ФМП, Крстајиќ постигна тројка за 96-99. На другата страна битолчани, од линијата за слободни фрлања намалија на 98-99 и веднаш направија брз фаул. Крстајиќ погоди едно слободно фрлање, немаше време за битолчани.

sportmedia.mk