По неколку дена од настанот, односно по неколку дена од одигрувањето на натпреварот од женскиот фудбалски шампионат помеѓи екипите на ЖФК Борец и ЖФК Љуботен домаќините од Велес излегоа со соопштение по повод обвинувањата за напад од страна на гостите на овој меч.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

 

С О П Ш Т Е Н И Е

Раководството на ЖФК  Борец од Велес ги демантира обвинувањата на управата на ЖФК Љуботен дека во саботата на ден  08.05.2021 година ги нападнале управата и фудбалерките на гостинската екипа.

ЖФК Борец изјавува дека од еден мирен,фер и коректен натпревар гостинската екипа предизвикаа немили сцени со недолично однесување спрема судиите делегатот и домаќините.

Уште во стартот на натпреварот еден од управата на ЖФК Љуботен се пријави како претставник со лажно име за да биде присутен на клупата на теренот .Уште во првите минути од натпреварот господинот Драгољуб Јовановски на теренот почна да се понаша недолично и беше опоменат од главниот судија и покрај опомената истиот продолжи да се понаша недолично и по интервенција на делегатот и службени лица од МВР Велес беше отстранет и им се приклучи на групата што беа дојдени од Тетово кој што беа сите во алхохолизирана состојба.

И по неговото остранување на трибините продолжија навредите и недоличното понашање со пцуење и навреди по делегатот,судиите и по домашните играчи со закани дека ќе ни дојдете во Тетово.Како се одвиваше натпреварот стануваше се по напнато а по примениоот гол станаа по нервозни и гледаа само да дојде до прекин на натпреварот со провокации и навреди. Сите овие обвиненија ги има во записникот на делегатот , и снимка од целата утакмица  кој што можете да ја гледате на (БАТАЛИ.НЕТ).

 

Од ЖФК БОРЕЦ                                                            Претседател

Рикардо Илиев

sportmedia.mk