Минатата година тимот на Јувентус, како и скоро сите други европски гиганти ги замоли своите играчи, а овие секако прифатија да им биде одложена исплатата на платите поради финансиската криза.

Сега одново клубот има проблеми со пари, и одново достави такво барање до играчите. Сепак, Газета Дело Спорт денеска објави дека сеуште не се знае дали играчите овојпат ќе прифатат или пак ќе бараат навремена исплата.

Имено, Јувентус бара платите од март до јуни да бидат исплатени дури на лето, поради сериозна „дупка“ во буџетот на клубот. Истата ќе стане уште поголема ако Јувентус не обезбеди пласман во Лигата на Шампионите и игра само во Лигата на Европа каде што приходите се значително помали.

 

sportmedia.mk