Вчера во 19: 57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(27) од Скопје и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Скопје, кое првично избегало од местото на незгодата, но набрзо било сопрено од страна на полициски службеници.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и двајца сопатници, Џ.Р.(22) и еден малолетник од возилото „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.