По Златко Хорват, Металург подготви нова „бомба“ за следната сезона. Во Автокоманда доаѓаат браќата Оливие и Кевин Ниокас, кои играат на позициите лев и десен бек, објавија француските медиуми. Двајцата ракометари пред завршување на кариерата посакаа истата да ја завршат во ист клуб, а оваа желба ќе ја исполнат токму во таборот на Металург.

Раководството на Металург потпиша двегодишена соработка, тие веќе овој викенд треба да пристигнат во Скопје.

Оливие Ниокас (35 години) е соиграч на Кирил Лазаров во Нант, оваа сезона не се наигра поради големата конкуренција на позицијата лев бек на која игра Ентрериос. Неговиот брат Кевин доаѓа од тимот на Бенфика.

Со Хорват и блзинаците Ниокас, Металург најавува дека во новата сезона ќе го напаѓа врвот во домашниот шампионат.

sportmedia.mk