Откако стана дел од тимот на Мелбурн Сити, Македонскиот интернационалец Даниел Георгиевски денеска го имаше и своето деби за овој тим.

Влезе од клупата за резервни играчи во 80. минута, и беше дел од триумфот на домашен терен од 4:1 над тимот на Аделаида.

Од друга страна пак, исто така од клупата за резервни играчи шанса доби и Стефан Чолаковски кој во најскоро време треба да дебитира за Македонската репрезентација до 21. година.

sportmedia.mk