Аријана Гранде нa „Коачелa“ заработи двојно повеќе од Бијонсе

25.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аријана Гранде нa „Коачелa“ заработи двојно повеќе од Бијонсе

Оваа година на фестивалот „Коачела“ се собраа многу познати музички имиња, меѓу кои и поп-ѕвездата Аријана Гранде (25). На минатогодишниот фестивал улогата на главна ѕвезда на вечерта ја имаше аренби-дивата Бијонсе (37) и токму нејзините фанови се особено лути по објавените податоци за хонорарите за настапите.

Се чини дека младата Гранде доби повеќе од 8 милиони долари за својот концерт, а Бијонсе заработи двојно помалку минатата година, односно околу 4 милиони долари. Овој дебаланс во хонорарите го забележаа многумина.

Минатогодишниот настап на Бијонсе нa „Коачелa“ критиката го смета за еден од најзначајните настапи на фестивалот на сите времиња. Врз основа на тој концерт „Нетфликс“ сними музички документарец за познатата пејачка и интересно е дека и Бијонсе работеше на самиот филм. Тоа исто така беше првпат жена со темна кожа да биде главна ѕвезда на овој голем фестивал во историјата и токму расната дискриминација, според многумина, е можната причина зошто Гранде за истата улога е платена двојно повеќе од реномираната и искусна пејачка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата