Британка која го изневерувала својот иден сопруги која добила прошка, сега се наоѓа пред ново искушение, дали да му го исполни неговото барање или да прекине.

– Треба да се венчаме во јуни, па тој ме замоли да биде потполно слободен две недели пред венчавката и да прави што сака, без никакви последици. Вели дека сака да патува со својот брат две недели и дека после тоа ќе биде најдобриот сопруг на светот, така што нема да морам да размислувам дали ме изневерува или не – ја започна таа својата приказна.

– Ние сме заедно долги години, но не сум сигурна дали можам да му верувам. Никогаш не ме повредил, ниту ми дал причина да се сомневам во него. Секоја година, тој ми дава квалитетен и скап накит за мојот роденден. Тој е добар со мене, а одличен е и во кревет – објаснува таа и продолжува:

– Но, морам да признаам, ова бизарно барање целосно ме вознемири. Никогаш не помислував дека ќе ме замоли такво нешто. Се чувствувам како да не можам да кажам „не“ затоа што го изневерував со мојот шеф шест месеци, за што ми прости.

– Никогаш повеќе не ми спомна, иако го излажав и одев на патувања со шефот – ја завршува својата приказна, Британка на страница за совети на интернет