Судот во Австрија осудил маж (63) за нанесување тешки телесни повреди. Имено, мажот е осуден на девет месеци условно затоа што својата поранешна жена намерно ја заразил со корона вирус. Мажот се товари за нанесување тешки телесни повреди, зашто намерно и кашлал на својата сопруга и така ја заразил со вирусот.

Бизарниот инцидент се случил во ноември минатата година, за време на бракоразводната парница. Мажот цело време бил дома без маска и намерно кашлал кон сопругата. Исто така, намерно го користел и нејзиниот пешкир. Во обвинението се наведува и дека физички ја нападнал жената и се обидел да ја исфрли од станот. Во таа прилика ја турнал кон вратата при што таа се здобила со полесни повреди, а потоа било откриено дека заболела и од корона вирус.

За среќа, поминала со поблаги симптоми, па затоа и тој е обвинет само за обид за нанесување тешки телесни повреди.

Обвинетиот за сето време тврдел дека е невин и дека жената не сакала да го пушти во куќата откако добил позитивен тест. Но таа тврдела дека, сега веќе бившиот маж, не сакал да оди на лекар иако имал симптоми.