Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, разговараа по телефон за тензиите во Појасот Газа и Ерусалим, беше објавено денес од кабинетот на турскиот претседател.

Лидерите на двете земји разговараа во време кога Анкара бара меѓународна акција против Израел, а Ердоган му рече на Путин дека меѓународната заедница треба да му одржи „лекција на одвраќање“ на Израел, пренесува „Ројтерс“.

Ердоган повика на завршување на процесот на испраќање меѓународни мировници во регионот за да се помогне во заштитата на Палестинците, што Турција го предлага од 2018 година.

Непријателствата меѓу Израел и Хамас денес ескалираа со најмалку 35 лица убиени во Газа и петмина во Израел.

Палестинските сили испукаа стотици ракети кон Израел, кој изврши силни воздушни напади врз Појасот Газа.

makfax.com.mk