Популарниот италијански милионер и миленик на жените Џанлука Ваки (52) денес се вакцинираше во Србија, на Белградскиот саем.

Џанлука во Белград стигнал со приватен авион, а дошол само заради вакцинацијата. Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде треба да се ревакцинира.

Џанлука избрал да се вакцинира во соседството на иницијатива на негов пријател, инаку српски бизнисмен. Тој во јавноста е познат со видеата на кои танцува, а секогаш е во друштво и на убави жени.  Неодамна стана татко со 28 години помладата девојка Шерон, а ќеркичката им се вика Блу Јерусалема Ваки.

Вакцинацијата на италијанскиот милионер на Белградскиот саем можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.