Германската влада денеска го одобри планот да им се дозволи на луѓето кои се целосно вакцинирани против коронавирусот и кои се опоравиле или имаат негативен тест за коронавирус, да влезат во Германија, без да одат во карантин, изјави владин извор.

Според Ројтерс, оваа одлука не се однесува на луѓето кои доаѓаат од земји кои се сметаат за високоризични или од области каде има мутации на вирусот.

Мерките за олеснување се однесуваат само на лица кои примиле вакцини одобрени во Европската Унија, поточно вакцините на компаниите „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

makfax.com.mk