Триесет и пет години откако се случи експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил во Украина, која претставува најголема нуклеарна несреќа во историјата, фисијската реакција повторно тлее во  ураниумското гориво кое е закопано длабоко во салата на реакторот.

„Тоа е како жар на скара“, вели Нил Хајат, хемичар за нуклеарни материјали на Универзитетот во Шефилд во Велика Британија. Украинските научници се обидуваат да утврдат дали реакцијата ќе помине сама по себе или ќе бидат потребни вонредни интервенции за да се спречи нова несреќа, пишува списанието Science.

Сензорите покажуваат зголемен број на неутрони што е сигнал за фисијакоја струи во една непристапна просторија, рече Анатолиј Дорошенко од Институтот за проблеми со безбедноста на нуклеарната централа (ISPNPP) во Киев, Украина, минатата недела за време на дискусиите за демонтирање на реакторот.

“Има гоелма неизвесност, но не можеме да ја исклучиме можноста за несреќа. Бројот на неутрони полека расте”, рече Максим Савеvев од ISPNPP, сугерирајќи на експертите уште неколку години да откријат како да ја смират заканата .

Секое решение внимателно ќе го следат експерти од Јапонија, која сè уште се справува со последиците од нуклеарната катастрофа пред 10 години во Фукушима, забележува Хајат, додавајќи дека тоа се опасности од слични размери.