На отворањето на британскиот Парламент по одржаните локални избори минатата недела , а во согласност со традицијата, истиот беше инаугуриран од кралицата Елизабета II.

За жал поради смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип, биле направеи некои промени во официјалниот протокол па така наместо тронот на принцот Филип било поставено мало кружно столче кое било покриено со свечена ткаенина.

Поради сегашната пандемија на коронавирусите, бројот на присутни во Домот на лордовите бил намален на само 74 присутни, при што секој требало да донесе и покаже негативен тест за ковид-19. Но, ова не е она што најмногу ја изненади јавноста, туку еден детаљ поврзан со самата кралица.

Имено, на ова свечено заседавање сите гости, вклучувајќи го и принцот Чарлс, носеле заштитни маски на лицето, но не и кралицата, која наместо во свечена облека и круна, пристигнала во нејзината типична облека, а од Бакингемската палата до палатата Вестминстер беше пренесена со автомобил.