СДСМ: Не е точно дека била закажана дебата на „Телма“

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СДСМ: Не е точно дека била закажана дебата на „Телма“

Сиљановска лаже, не е точно дека била закажана дебата на Телма телевизија, реагира владејачкиот СДСМ преку соопштение, откако кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, напиша дека жали што нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски го откажал учеството на ТВ дуелот кој требал да биде оддржан вечерва.

„Сиљановска повторно лаже и се служи со невистини. Воопшто не е точно дека бил закажан ТВ дуел на Телма телевизија. Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од ‘Жешко столче’ на истиот медиум“, велат од СДСМ во реакцијата oд каде во прилог ја испратија поканата за дебатата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата