Манекенката Емилија Розман на Инстаграм објави преубава вест, која поприлично ја изненади јавноста. Имено, таа објави фотографија на која го покажа трудничкото стомаче и откри дека за неколку месеци ќе стане мајка.

Како што што стави во описот, таа е во третиот месец од бременоста и чека не едно, туку две бебиња, односно носи близнаци.

– Едно е подобро од две – пишува убавата Македонка која неодамна го прослави својот 29-ти роденден.

Изминатиот период Розман не откриваше детали од својот љубовен живот, па непознато е кој е нејзиниот партнер и татко на децата. Како и да е, нека е со лесно!