Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, зборуваше за конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, велејќи дека на тоа подрачје владеел мир за време на неговиот мандат, бидејќи непријателите на Израел знаеле дека САД стојат цврсто покрај таа земја.

„Додека бев во Белата куќа, нè нарекуваа претседателство на мирот, бидејќи на непријателите на Израел им беше јасно дека САД цврсто стојат покрај еврејската држава и дека во случај на напад врз Израел ќе следува брза одмазда. Сега кога Бајден е претседател, светот е понестабилен и има повеќе насилство затоа што Бајден покажа слабост и недостаток на поддршка за Израел, што доведе до нови напади врз нашите сојузници“, рече Трамп, пренесува „Џерусалим пост“.

makfax.com.mk