Светската здравствена организација (СЗО) открила варијанта на корона вирус кој предизвикал нагло зголемување на заразени во Индија, и во 44 земји во светот. Варијанта Б.1.617, која прв пат се појавила во Индија во октомври, откриена е во 44 земји во сите шест региони на СЗО, соопштила таа организација, со оцена дека таа мутацијата носи “загриженост“

После Индија, најголем број на оваа варијанта вирус забележан е во Велика Британија.

Во Индија дневно во последните денови починале 4.000 луѓе од ковид-19, а вкупниот број на починати е скоро 250.000.

Како што наведува АП, таквите варијанти треба да се следат за да се утврди дали мутацијата доведува до повторна инфекција или намалување на ефикасноста на вакцинате.

СЗО соопштила дека вакцините против ковид-19 спречувааат болест и смрт и кај луѓе кои се заразени со варијантата Б.1.617.