Состаноците и прошетките се неизоставен дел од секоја љубовна врска. Корисник на Редит ги прашал другите корисници зошто ги прекинале врските или одбиле да ѝ дадат уште една шанса на лицето со кое биле. Луѓето ја отворија душата и ги дадоа своите причини, од кои некои се засноваа на здравиот разум, а други беа едноставно премногу иритирачки за нив.

Еве неколку одговори:

1. „Таа не знаеше дека лисиците се вистински животни. Мислеше дека се работи за некои митски суштества што се појавуваат во филмовите”.

2. „Таа волонтираше во зоолошката градина. Кога децата ѝ поставуваа прашања на кои не знаеше како одговор, таа само измислуваше нешто и лажеше. Бидејќи пораснав со сликовници за животни и Стив Ирвин,  фактите за животните ги сфаќам мошне сериозно “.

3. „Тој никогаш не ги враќаше теговите на свое место. Никогаш нема да разберам зошто луѓето не ги ставаат работите на свое место.”

4. „Никогаш не уклучуваше жмигавци. Никогаш!“

5. „Мајка ми престана да се гледа со момчето затоа што додека беа во кино не престана да ги одлепува и залепува патиките со лепенка“.

6. „Отидов на неколку состаноци со момче кое ми се допаѓаше со месеци. Почнав да сфаќам дека тој не е најпаметен, но еден ден тој рече дека сака да гледа реклами на телевизија. Тоа беше тоа”.

7. „Никако не можеше да го следи заплетот на било кој филм” Кој е тој? Од каде потекнува тој? Зошто го прави ова? ” и така натаму, јас едноставно не можев да продолжам. ”

8. „Таа одби да излезе со мене затоа што немам профил на Инстаграм“.

9. „Не можев да го гледам момчето откако брат ми ми рече дека изгледа исто како нашиот вујко. Не можев да преминам преку тоа затоа што тој навистина изгледаше исто”.

10. „Кога сфатив дека тој мисли дека лимоните се всушност незрели портокали …“