Македонија ја погоди СИЛНА БУРА на пустинска прашина и песок, можни алергии

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија ја погоди СИЛНА БУРА на пустинска прашина и песок, можни алергии

Многу мачнини, многу заматена и нечиста атмосфера и лошење тоа го донесе силното југозападно воздушно струење во државава и токму ова слободно може да се каже дека ова е  силна бура на прашина и на песок кој ни доаѓа од Сахара и понатаму ќе доаѓа со уште поголем интензитет. Атмосферата е толку многу исполнета со пустински песок и прашина што и сонцето ја немаа онааа целосна јачина да грее.

Граѓаните се советуваат се до крајот на неделава да бидат крајно претпазливи и да се заштитуваат поради тоа што дури има услови и за појава на алергии кај некој граѓани што се осетливи на вакви временски ситуации. Исто трака граѓаните ги советуваме во никој случај да не ги ставаат алиштата да се сушат на своите тераси поради тоа кога ќе дојдат во допир со нив и тоа како може да дојде до појава на алергии. Инаку оваа силна бура на прашина и песок од Сахара ја очекуваме до недела кога истата треба конечно да замине од нашите краишта.

Подготви: Славчо Попоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата