Младата месечина овој мај пристигнува ноќта помеѓу 11 и 12 во месецот и ќе биде во знакот Бик. Астролозите најавуваат еден главно мирен и позитивен период, а најголема среќа ќе им донесе на Биковите.

Со оваа млада месечина ни следат промени и потреба за финансиска и материјална сигурност. Многу луѓе ќе бараат поддршка од другите за да успеат. Слободно впуштете се во нови проекти или почнете да го остварувате она за коешто веќе долго време фантазирате, бидејќи ѕвездите ќе ви го осветлат патот кон успехот.

Иако речиси сите ќе ги доживеат само позитивните аспекти од оваа млада месечина, некои знаци ќе се соочат и со помали потешкотии. Пронајдете го својот знак на списокот и дознајте како ви се ѕвездите наклонети.

Овен
Оваа млада месечина за Овните се случува во второто поле, кое е поврзано со имотот, финансиите, храната и други материјални вредности. Сега е вистинскиот момент да вложите пари во бизнис или да покренете некоја нова работа.

Бик
Младата месечина се одвива во вашето лично поле на менталниот склоп и физичкиот изглед. Одлуките што сега ќе ги донесете, ќе се одразат на целиот ваш живот. Сега е идеално време за промени, па искористете го максимално. Одбегнувајте физички и психички напори.

Близнаци
Ќе се соочите со вашите стравови и со некои промени што ве туркаат да тргнете напред. Потребно е да забавите малку и да најдете време за себе. Добро размислете како можете да ги спроведете вашите идеи во дела.

Рак
Овој период ќе ве наведе да сфатите кои ви се вистински пријатели, а кој се дружи со вас од корист. Се отвораат нови можности за напредување на работа, но и нови познанства.

Лав
Оваа млада месечина најмногу ќе влијае врз полето на кариерата, па така можете да очекувате унапредување или покачување на платата.

Девица
Ослободете се од некои мисли што ве опседнуваат, од некои стари работи и воведете ред во вашето срце и мисли. Време е за уживање во љубовта. Овој период ви носи мир и хармонија.

Терезија
Можете да започнете некоја работа преку Интернет и тоа може да се покаже како многу исплатливо. Добар период за напредување на работа.

Скорпија
Можете да очекувате промени во браков и во односот со деловните партнери. Ако сте слободни, можно е да влезете во врска.

Стрелец
Време е за големи промени. Поработете на физичкиот изглед, но и во усовршувањето на деловните вештини. Овој период нема да биде особено успешен за вас, па затоа вооружете се со трпение.

Јарец
Оваа млада месечина ви носи убави емоции и изобилие во вашиот живот.

Водолија
Многу Водолии може да имаат потреба што повеќе време да поминат со своето семејство. Можете да воспоставите контакти со роднините што долго не сте ги слушнале или не сте ги ни запознале. Можна е и преселба.

Риби
Важно е сега да воспоставите добра комуникација и да утврдите некои нови рамки и насоки што ќе ве одведат кон успехот. Сите темели што ќе ги поставите за време на владеењето на младата месечина, ќе ви се исплати наредниот период.