Рим бара од ЕУ да подготви план доколку тргнат бегалци од Либија

24.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рим бара од ЕУ да подготви план доколку тргнат бегалци од Либија

Италијанската Влада писмено се обрати до ЕУ и побара од Брисел да подготви акционен план во случај на евентуален бегалски бран поради оружениот судир во Либија.

Тоа денеска го изјави италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо, пренесе „Ројтерс“.

Тој се обрати на заедничка прес-конференција во Рим со пратеникот на ОН за Либија, Гасан Салам.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата