Илон Маск или, како што самиот се нарекува „императорот на Марс“ утрово на своите следбеници на Твитер им пославил прашање кое гласи: Дали „Тесла“ треба да прифати плаќање во доџкоин?

Најновиот твит на Маск доаѓа само неколку дена откако тој најави дека неговата комерцијална вселенска компанија „Спејс X“ ќе ја прифати оваа криптовалута како средство за плаќање, пренесува „Ројтерс“, а според „Блумберг“ цената на криптовалутата се зголемила од 46 на 54 центи.

Но, во меѓувреме во светот на криптовалутите се појави ЕлонСпејс интерпланетарна криптовалута која за само неколку дена направи вистински бум.