Мост долг 200 метри полека „крстари“ низ срцето на Ротердам по реката Меза.

Тој патува кон својот нов привремен дом во близина на прометно градско пристаниште.

Новиот мост „Сурхов“ кој плута на понтоните под другите мостови на реката Меза го влечат големи бродови наменети за оваа работа.

Мостот е широк 20 метри и има лак висок 40 метри.

Постоечките мостови, вклучувајќи го и култниот мост Еразмо, имаат механизми што можат да се подигнат за да може да поминат бродови со голем товар.

Акцијата за транспорт на мостот од неговото градилиште траеше со часови и ќе продолжи во наредните денови.