Мајкл Годеноу (73) од Велика Британија е осуден на 15 месеци затвор затоа што во јули 2019 година си ја прегазил сопругата, обидувајќи се тешко да ја повреди комшиката Мишел Палмер.

Неговата сопруга Линда, која кавгата ја гледала од прозорецот, истрчала од куќата да ја смири ситуацијата и тргнала кон сосетката. Во тој момент Мајкл дал гас, па Линда паднала под тркалата од автомобилот.

Годеноу ја турнал сопргата, па со тркалата поминал преку неа, се наведува во обвинението.

Во несреќата Линда добила тешки телесни повреди, односно и бил повреден ’рбетот.

Соседите велат дека Мајкл е незгоден тип и со него немаат проблем само Палмерови, туку тој биел битка со цело маало.