Овогодинешниот македонски преставник на Евровизија, Васил Гарванлиев се најде на страниците на реномираниот „New York Times“.

Впрочем, тој имал имал телефонско интервју со новинарот на „New York Times“ Алекс Маршал, со кого разговарале за големото разочарување на Гарванлиев откако минатата година поради пандемијата на коронавирусот беше откажан изборот за песна на Евровизија. Тој зборел и за процесот на создавање на песната со која ќе ја претставува нашата земја оваа година во Ротердам.

„Целиот живот, работев напорно за да стигнам таму, а моето патување дури и не започна… Бев уништен“, изјавил 36-годишниот Гарванлиев во интервјуто за „New York Times“.

За Гарванлиев – и стотиците милиони обожаватели на настанот – Евровизија е далеку повеќе од обичен натпревар за песни. „Тоа е Олимпијада за пеење“, вели Гарванлиев.

Во разговорот, Васил раскажал како минатиот март седел на својот кревет чувствувајќи големо разочарување од што всушност произлегла една нежна мелодија, а потоа и му се појавиле стихови во главата.

Како прогнозираат обложувалниците?

Обложувалиците не му даваат речиси никакви шанси на Васил Гарванлиев на Евросонг.

Тој е на самото дно, односно на 33 место, со помалку од еден процент можност за победа.

Полоши од него се само Словенија, Полска, Албанија, Естонија, Грузија и Шпанија.

Евросонгот ќе се одржи од 18 до 22 мај, во две полуфинални вечери и големото финале, а Гарванлиев ќе настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред.

Арената ќе има капацитет од 20 проценти, со само 3.500 луѓе во публика кои ги бодрат натпреварувачите. Настанот е официјално дел од серијата експерименти на холандската влада за да се види како да се водат големи настани на безбеден начин. Сите натпреварувачи ќе мораат претходно да снимат верзија од нивните песни во случај да се заразат со ковид-19 и да не можат да настапат.