Исто како и Бил Гејтс, Илон Маск страда од Аспергеров синдорм. Тој  во американското забавно шоу  (Saturday Night Live) откри дека страда од Аспергеров синдром, велејќи:

„Всушност, вечерва влегувам во историјата како првиот човек со Аспергеров синдром што гостува во оваа емисија“.

Некои луѓе на социјалните мрежи, сепак, го доведоа во прашање неговото тврдење. Тие истакнаа дека комичарот Дан Акројд, кој јавно зборуваше за сопственото искуство со синдромот на Турет и Аспергер, претходно го водеше ова исто шоу.

Маск, кој има повеќе од 53 милиони следбеници на Твитер, исто така се пошегува како ги користи социјалните мрежи. Во минатото, тој се соочуваше со критики, па дури и со законски закани заради сопствените твитови.

„Погледнете, знам дека понекогаш кажувам или објавувам чудни работи, но токму така функционира мојот мозок“, рече тој.

Аспергеровиот синдром е дел од спектарот на аутистички нарушувања кој се карактеризира со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Исто така се нарекува и Аспергерово пореметување или само Аспергер, иако, меѓу клиничките истражувачи нема многу голема согласност за тоа дали треба да се вика синдром или пореметување.

Аспергеровиот синдром се разликува од останатите пореметувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој.