Најдобрата другарка Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, старлетата Сара Плафшик (19) ја претепал како што таа тврди, дечкото со кого била во врска пет месеци. Инцидентот се сличил во саботата откако се вратиле од кафана. Во таа прилика се здобила со повреди поглавата и телото, а во разговор на Курир до детали таскажала што и се случило.

– Бевме да се забавуваме, и се тргна по лошо кога во пет наутро тргнавме дома. Во кола започна кавка за небитни работи. И досега имавме мали расправии, но вака да се заврши драстично! Тоа утро бев претепана толку што одвај гледав со очи и да стојам на нозе. Ме тепаше на сред улица, ме влечеше по бетонот, ми ја удараше главата од асфалт. Врискав на цел глас. Немаше никој да ми помогне.Тој беше под влијание на алкохол и кој знае што се, што допринесе да биде агресивен. Не гледаше каде ме удара, најмногу ми настрадаа очите и главата – раскажала пријателката на Тијана

– Ангажирав адвокат кој ќе подигне приватна тужба. Изгледам страшно, отечена и со болки, а од пред два дена живеам во страв поради него. Ништо не му сторив за да се однесува вака со мене.
Незнам колку ќе морам да одам на очен лекар и прашање е колку видот ми е оштетен. Во моментот кога ѕверски ме удараше, губев свест, ми беше тешко, но од страв гледав како да извлечам жива глава да не ме убие – завршила Сара.