Повеќе од три години СДСМ, со помош на нивниот “невладин сектор“ распослан меѓу таквите организации, нивните портали и активисти, како и домашни платени партиски лобисти кај влијателните странски амбасади создаваа конфликти во ВМРО ДПМНЕ, но и пошироко во опозициската заедница дека од ВМРО ДПМНЕ не бива ништо, ќе се делат, ВМРО ДПМНЕ е во конфликт со Левица, Мицкоски е донесен за да одработи мирна власт за Зоран Заев, Груевски ја контролира партијата од Будимпешта, Сашо Мијалков ќе го смени Мицковски и ќе соработува со Заеви, Американците не дозволуваат ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски да се стабилизираат и ќе им прават конгерс за поделба…

Сето ова го слушаме и читаме од кампот на СДСМ и нивните ботови по социјалните мрежи и порталите повеќе од три години. А тоа е моќна машинерија за создавање јавно мислење плаќана многу добро од државни пари низ разни Фондови за иновации, проекти од јавен интерес, финансирање весници кои практично не ни постојат со екстермно мали тиражи а со земени големи државни пари, измислени акции за купување кондоми кои пари завршуваат кај пропагандистите, рекет врз фирми и државни претпријатија да рекламираат кај ботовите и нивните портали.

Од тоа не бидна ништо. ВМРО ДПМНЕ се покажа посилно и по стабилно од проценките и ударите на СДСМ. Повеќе година дена рејтингот им е во пораст.

Да не заборавиме како се финансираат пропагандите преку фамилиите на нивните пропагандисти како братот на Сашо Орданоски кој доби 350.000 евра од Фондот за иновации, па сопругата на Горан Михајловски 250.000 евра од истиот Фонд, па нивниот Слободен Печат од разни извори досега над милион евра… Тоа се големи, огромни пари кои убиваат секаква конкуренција, и можност за равноправен јавен дијалог и дебата, и уништуваат било какво опозициско мислење и појава.

Се задушува секаков обид за поинакво мислење. СДСМ смени главни уредници на трите најсилни национални телевизии, ниту една голема компанија која зависи од тендерите на власта не смее да рекламира кај опозициските портали, секаква критика на социјалните мрежи против власта или се казнува со закон, или се пријавува кај Фејсбук и Твитер како лажна вест, говор на омраза, стигматизам, хомофобија и што уште не, по што следи блокирање на тој профил, на таа фан страна или група на Фејсбук како и акаунт на Твитер.

Блокадите следуваат откако партиските “невладини“ активисти ќе поднесат пријава до Фејсбук. А пријави поднесуваат избрани од новинари кои во минатото биле дел од партиските медиуми и бивши партиски “невладини“ активисти, сега здомени во нова “невладина“ организација во портал со религиски претенциозно име – Вистиномер! Тие се замена за Господ безгрешниот, приучени и без јавни овластувања, решаваат што е вистина а што не. Сами, без суд, без дебата.

Порталот Вечер.мк доби пријава во Фејсбук од Вистиномер, бришење на вест и намалување на читаност на Фејсбук затоа што објавил “лажна вест“: заклучок на истражувач дека корона вирусот се пренесува и преку слузокожата на очите па, тие што носат наочари, се повеќе заштитени од другите, вели експертот во “лажната вест“. Доволно за Вистиномер да пријави до Фејсбук, да следи банирање и пад на читаноста на Вечер на Фејсбук наредните месец дена. Тао е тоа. Сталин нарача, Берија изврши лицето да се изолира од сите како неподбно. Ако продолжи – да се уништи.

Лек: не го барајте и чекаје Вечер (и другите кои се критички кон власта) на Фејсбук, побарајте го сами директно. Лекот функциоинира, и во април според Симиларвеб порталот Вечер е најчитан информативен портал во Македонија, пред сите пропагандисти на СДСМ за кои од валста се потрошени над 2 милиони евра годишно.

А Вистиномер потекнува и е под чадорот на други две “невладини“ организации на СДСМ: Метаморфозис и Цивил. Докажани долги години во својата политичка, идеолошка, партиска но, и финансиска врска со СДСМ. Нивните активисти со години се на платен список, директно и индиректно, на партијата и нејзините спонзори, како во случајот со Петрит Сарачини, советник во владата. Или рекламирањето на Комерцијална банка на порталот Цивил кој е основан од невладина организација и нема право на комерцијални профити и кој, патем, нема ни импресум.

Нивниот шеф, Џабир Дерала, еја гледа кризата и неуспехот па, доновиве, пак ја врти старата мантра: “Се уште постоеле и биле силни антизападните сили, и ние ќе го браниме Западот од нив“. Затоа, дајте нови пари, а вие од валста притиснете уште повеќе.

Џабир Дерала, Цивил, е и невладина организација, и ментор на Вистиномер, и информативен портал, и “објективен“ набљудувач на изборите, и заштитник на “ликот и делото“ на Џезаир Шакири Командант Хоџа кога се оспорува неговата функција советник во владата на Заев, и шеф на советникот во владата а едновремено и “невладин активист“ Петрит Сарачини, и еден од лидерите на Шарената револуција за смена на тогашната власт, и корисник на пари за реклами од поранешниот министер и премер на СДСМ, Хари Костов од Комерцијална банка.

Времињата се тешки. Македонија не памети ваков апсолутиузам, гушење на јавен збор и дебата, контрола врз судство и институции, прогон на различно мислење и ставови од педесеттите години на минатиот век. Тоа го гледа секој.

После се што се случува јавноста нема пристап до информации кои се критички кон власта. Се создава чувство на дезориентиораност дека она што го гледате и слушате, и што е ваш интерес,  го нема доволно по медиумите и порталите, по социјалните мрежи, а го нема затоа што е задушено, прогонето и казнето се што делува поинаку од интересите на власта.

Сега власта се соочува со самата себе.

Случаите на корупциоја веќе не се ни бројат. Ги има, буквално, секој ден. Тоа се присвоени јавни пари со кои требало да се заврши некој јавен интерес во здравството, образованието, сообраќајот… но, парите ги нема. Нема ни проекти. Има масовно заболување и смртни случаи од корона вирус, нефункционални болници, полиција што не смее да влезе и делува во третина од Македонија, образование без смисол и иднина, суд кој суди по нарачка.

Власта почна да се јаде самата себе, откако ги уништи или пасивизираше сите свои противници.

Причините се – поделба на пленот.

Оние од “Шарената револуција“ сметаат дека во општата корупција добиле малку пари, влијание и функции во однос на она што, според нив, им следува како воен плен. Од друга страна, власта си има свој уигран тим за коруптивни приходи кој не сака да дели со Шарените повеќе од ова затоа што тие потпишиваат и утре ќе одговараат за корупциите и секој од нив се надева дека треба да земе доволно за себе и да се обезбеди финансиски, а се надева дека одговорноста ќе го заобиколи.

Третата страна, “чистиот СДСМ“ кој нема интерес за воен плен од “Шарената револуција“ и кој е исфрлен од активности на партијата затоа што тие на функции во власта не сакаат да ја делат заработката со никого, немаат свој авторитет во јавноста и им пречи секој со авторитет кој “сака да им се меша во работата“.

Тој, Третиот “чист СДСМ“ не може, и не сака да прифати за лични кариери и интереси да се урива пред нивни очи партизанската и државтотворна историја и капитал на СДСМ со бришење на АСНОМ, распродажба на национален идентиет си Бугарија, воведување виртуелно образование за дневни потреби, со корупција која досега не е видена и која, по падот на оваа гарнитура, ќе значи долга и тешка опозиција на СДСМ.

Се додека трае сеќавањето на Заев, Филипче, Анѓушев, Рашковски, Ден Дончев, Катица Јанева, Боки 13, Шилегов, Мила Цароска… СДСМ нема да може да се надева на победа на избори. Заев ги исфрли вон игра сите авторитети од партијата, вклучитено и Бранко Црвенковски, а се здружи со Филипче, Боки 13, Анѓушев, Катица Јанева, Никола Димитров, Ден Дончев или Рашкоски кои со СДСМ имаат зедничко – само финансиски интерес, а го урнаа партискиот рејтинг и углед.

И така, мечката заигра и во дворот на СДСМ. Поделбите се повеќе од видни. Тие се генерички, природни, внатрешни а не поттикнувани од опозицијата, и тоа ги прави сериозни.

Дали ќе се создава нова партија од незадоволни членови на СДСМ не е толку битно. Еден од најугледните експерти во таа партија, поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јованосвки, најави “дистанцирање“ од Заев и сегашното раководство на СДСМ. Најави бојкот на Заев и неговите соработници и методи.

Што ако Софија Куниовска, со својот лик, ум и дело се појави како независен кандидат за градоначалник на Скопје? Кој од СДСМ, особено во Скопје, со мирна душа би гласал за Шилегов наместо за неа? И како би си го оправдал тоа? Дека партијата го кандидирала?

Тешко дека со тоа би си ја смирил совеста уште четири години да гледа како Шилегов гради куќи за пингвини од по 350.000 евра, продава градски имот и плаќа 200.000 евра за Нова Година, во време кога таа не се слави заради карантин. Шилегов ќе донесе само нови скандали и афери со кои цената ќе се плати на парламентарни избори, значи ќе донесе штета за партијата.

Мечката, традиционално, се вика Божана. Од Бога дадена. Што би рекле десничарите: Гледа Господ.

Ова СЕ 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

ВАКОВ ЛИ ЗАСЛУЖИ СКОПЈЕ?! Шилегов се расфрла со “фашисти“ и “оперски певачици“