Сулејман Реџепи: Слушам била болна, нека почине не ја жалам

23.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сулејман Реџепи: Слушам била болна, нека почине не ја жалам

Ријасетот на Исламската верска заедница вечерва одржа седница во Кондово откако претходно Основиот суд Скопје 2 ја уважил жалбата на Скедер Бузаку кој во 2015 бил избран за поглавар на ИВЗ, а финансиска полиција го чешлаше работењето на Реџепи.

Поглаварот рече дека Владата и државните органи се насочени против исламската верска заедница.

Во своето обраќање вечерва се уште актуелниот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека одлуката е против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава.

„Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Нека почине, не ја жалам“, истакна Реџепи по што доби и поддршка во вид на аплауз од тие што беа до него.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата