Сиљановска со порака до младите: Потребна е пролетна политика која ќе ги разбуди и расцвета најумните и најкритичните

23.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сиљановска со порака до младите: Потребна е пролетна политика која ќе ги разбуди и расцвета најумните и најкритичните

Честопати слушате дека јас за себе велам дека сум како професор и како личност сократовка. Сократ бил обвинет дека ги бунтува младите и еве јас признавам дека ги бунтувам младите кога предавам, рече кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова, вечерва во скопската населба Тафталиџе каде оствари средба со млади поддржувачи од Скопје.

Таа на присутните им порача дека без критичко мислење не може да има реформи.

„Затоа сум овде меѓу вас, да ја чујам критиката за досегашната кампања, за она што се случува, за да ги чујам забелешките за да знам кој пат да фатам во вториот изборен круг“, нагласи Сиљановска.

Таа пред младите кажа дека како нивна професорка која вели дека вреди да се биде бунтовник со или без причина или без причина, смета дека вреди да се зборува со нив како со идни лидери, идни дипломати и креатори на политиката.

„Ќе се обидам во вториот дел на кампањата низ вакви средби било да се тоа овде или во ‘Јавна соба’ или на ‘Школка’, и со оние кои што сакаат да бојкотираат, и со оние кои имаат аргументи против тоа и за оние кои мислат дека вреди да се победи на овие избори, ама и сите ние кои го респектираме другиот да поттикнеме некоја, да разбудиме некоја енергија во Македонија“, нагласи претседателската кандидатка.

Додаде дека доколку младите не се вклучат во решавање на сегашните проблеми, нема да можат да влијаат ниту врз иднината.

„Мислам дека треба да започнеме една нова пролетна ориентирана политика која ќе ги разбуди и ќе ги расцвета најумните и најкритичните. Се надевам дека можам тоа да го сторам. Ова особено важи за женскиот дел на популацијата кој иако доминира во многу професии, сепак не е на клучните функции и тоа ќе биде доказ за демократскиот капацитет и кредибилитет на македонската политика“, порача Сиљановска на средбата со младите.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата