Брат и сестра преживеале една експлозија на Шри Ланка и почнале да бегаат, но не успеале да се спасат

23.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брат и сестра преживеале една експлозија на Шри Ланка и почнале да бегаат, но не успеале да се спасат

Меѓу над 320 жртви кои загинаа при експлозиите во Шри Ланка се и Даниел и Амели Линзи, брат и сестра од Велика Британија.

Тие успеале да побегнат кога се слушнала првата експлозија во луксузниот хотел Шангри-ла во Коломбо. Но, додека се обидувале да ги спасат своите животи, експлодирала уште една бомба, од која не успеале да побегнат.

Британските медиуми пишуваат дека за време на нападот, 19-годишниот Даниел и 15-годишната Амели појадувале со својот татко Метју пред летот за дома.

Таткото успеал да ги преживее нападите, по што се вратил во Лондон, каде што го пречекале сопругата Анџелина и двајца синови кои не заминале на фаталниот одмор.

„Не можам да го опишам ужасот. Луѓето врескаа, јас бев со децата, не знаев дали се добро бидејќи беше темно. Почнавме да трчаме кога одекна нова експлозија. Стигнавме до лифтот, но не можев да ги разбудам. Даниел изгледаше полошо од Амели. Не можев да го оживеам. Една жена ми помогна со мојата ќерка и ги одведовме до брзата помош, јас се молев да ги спасат“, раскажува таткото.

За медиумите открил дека Даниел волонтирал во сиропиталиште во Етиопија, а Амели ја опишал како убава девојка однадвор и одвнатре.

„Тие беа заинтересирани за другите култури, сакаа да патуваат“, изјавил 61-годишниот Метју.

Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава, а агенцијата на оваа терористичка мрежа објави фотографии и снимки од осуммина мажи за се кои тврди дека се терористите кои ги извршиле напади во цркви и хотели во Шри ланка за Велгден.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата