Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека 4 мај не е крајот Гоце Делчев туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија!

Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван, пишува Мицкоски по повод 118 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

-Зошто? Затоа што тој е се што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија. Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред с е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!

Слава му!, стои во објавата на Мицкоски.

Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.

Зошто?…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, May 3, 2021