Душко до Карлеуша: Еве ти 2,5 милиони евра и очи веќе да не ти видам!

23.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Душко до Карлеуша: Еве ти 2,5 милиони евра и очи веќе да не ти видам!

Нема преговори - фудбалерот Душко Тошиќ преку својот полномошник испратил порадка до својата сопруја Јелена Карлеуша понуда да плаќа за алиментација и за поделба на имотот и како што стојат работите најдоброто решение за Карлеуша е да го прифати понуденото.

Душко Тошиќ е подготвен да исполни речиси сè за да се разведе од старлетата и пејачка Јелена Карлеуза и тоа што е можно поскоро.

Предмет на поделба на имот, барем најголем, е и луксузната куќа на Дедиње во вредност од 2,5 милиони евра која Душко Тошиќ има намера да им ја остави на пејачката и на нивните деца, ќерките Атина и Ники, а исто така ќе добијат и месечна алиментација во износ од 3.000 евра. Единственото нешто што тој очекува од сегашната сопруга е да го потпише разводот без дополнителни услови, и веднаш.

Ова е предлогот на фудбалерот од барањето за развод кое одамна стигнало до домашната адреса на Јелена. Таа се уште не зборуваше за тоа, барем не во писмена форма, но како што стојат работите, нема да има многу простор за двоумење.

- Навистина, Душко нема да се откаже од разводот. За него, овој период беше многу стресен и болен, и затоа сака да го заврши што е можно поскоро. Тој е свесен дека ќерките Атина и Ника не смеат да страдаат заради неверството на Карлеуша и разводот, и никогаш нема да дозволи тоа. Затоа тој посветил посебно внимание на нивната иднина, која ќе биде максимално обезбедена. Според предлогот на Душко, тој ќе и дава на Јелена 3000 месечно на име на алиментација, а покрај тоа ќе ги сноси и другите трошоци за воспитување на Атина и Ника. Ова вклучува плаќање на приватни училишта, одмори, зимување и подоцнежно плаќање на факултети и други потреби - изјавува пријател на Душко Тошиќ

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата