На списокот на трошоците за живот во 608 градови во светот на порталот Нумбео, на моменталната глобална база на податоци трошоци за живот, од Македонија се најде само Скопје, додека Хрватска има пет градови, а Србија три, Албанија еден, од Бугарија четири града, додека Босна два града.

Според трошоците за живот Скопје се наоѓа на 452 место, Белград е на 398 место, Сараево на 425, Софија 387 место.

Од Хрватските градови кои се на врвот на Балканот, најскап е Дубровник, кој го освои високото 48-то место, втор е Задар, на 270-то место, следен од Сплит (309), Риека (320), Загреб (342) и најевтиниот Осиек, кој го зазеде 369-то место на списокот.

Дубровник со високото 48 место според трошоците за живот поскап е од Амстердам кој е на 52 место, Минхен 64, Милан 75,  па дури и Лос Анџелес кој е на 79 место и Мајами на 102

Една од причините за тоа, се чини, е високата цена на основните комунални услуги, кои вклучуваат електрична енергија, греење, вода и ѓубре за простор за живеење.