Возачот на Дукати, Џек Милер е сензационален победник на трката за Големата награда на Шпанија на патеката во Хере. Милер ја забележа првата победа по пауза од пет години, а втора во кралската класа. А второто место го освои Франческо Бањаја исто така возач на Дукати, а третото на Франко Морбидели.

Фабио Квартараро киксираше на патеката. Французинот почна да губи време во финишот и дозволи да биде претекнат од конкурентите. Тој ја заврши трката на 13. место.

Легендарниот Валентино Роси го освои 17. место.

Во генералниот пласман води Бањаја со 66 бодови, а втор е Квартараро со два поени помалку, а трет Маверик Вињалес со 50 бода.

Следната трка е на 16 мај во Ле Ман.

sportmedia.mk