Како момче се издигна и иако никој не му даваше никакви шанси, тој стана најголемиот рапер во светот. Во игра, во тоа време резервирана за Афроамериканците, слабото бело момче од Детроит им покажа на сите дека расата нема никаква врска со вештината на рапување, но сето тоа имаше своја цена. Тој бргу се навикна на разни антидепресиви и алкохол, но Маршал Матерс, попознат како Еминем (46), денес слави 11-годишнина откако на зависноста ѝ кажа „не“.
На својот инстаграм-профил тој објави фотографија на една паричка што ја заработи во програмата за анонимни алкохоличари, со опис „Поминаа 11 години. Сè уште не се плашам“.
View this post on InstagramA post shared by Marshall Mathers (@eminem) on
Овој рапер никогаш не ја криеше својата бурна младост и зависност.
„Пред 12 години претерував со апчиња за спиење и речиси умрев. Во тоа време имав 110 килограми. Кога конечно влегов во рехабилитација, сфатив дека морам да се сменам. На почетокот, имав големи проблеми со спиењето, но потоа решив да почнам да трчам. Сега сум зависен од тоа, но тоа не е штетно за мене“, рече Еминем.
Тој долго време мислеше дека нема проблем бидејќи никогаш не беше зависен од хероин, крек и кокаин, но лековите со рецепт се достапни во сите аптеки. Тој набргу почна да пие 20 таблети на ден. За среќа, овие денови се сега зад него, но Еминем е еднакво добар и без сите тие апчиња и алкохол.
извор: Makfax