Секси реалната ѕвезда прошета низ Лондон во чорапи со шокантна порака

23.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Секси реалната ѕвезда прошета низ Лондон во чорапи со шокантна порака

Британската ТВ-водителка, реална ѕвезда и модел и, како што таа сака да се нарекува, зависничка од шминка, Клои Симс (36), беше снимена додека се шеташе на улиците во Лондон.

Клои и сестра ѝ Деми Симс одеа на вечера во ресторан кога беа фотографирани, а привлечната водителка, која секогаш е максимално дотерана од глава до петици и никогаш не излегува од дома без шминка, привлече големо внимание не само со својот изглед туку и со обувките.

Таа носеше жешки панталончиња и црно сако и сето тоа зачинето со црни чорапи, кои никој не можеше да не ги забележи.

На чорапите пишуваше No Money и Fu*k you.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата