Пендаровски очекува победа во вториот круг, ги бара гласовите на Блерим Река

22.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски очекува победа во вториот круг, ги бара гласовите на Блерим Река

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ги бара гласовите на Албанците. Гласајте за мене со цел државата да не тргне по друга насока, беше неговата порака, еден ден по првиот круг од претседателските избори.

Пендаровски уверува дека нема да се пазари со гласовите и дека нема да разговара со албанските опозициски партии, со цел – кај своите да ги додаде и гласовите на кандидатот Блерим Река.

Лидерот на СДСМ, пак, Зоран Заев, настојува дека нивниот концепт ја придвижува напред земјата и ги повика граѓаните во вториот круг да ја запечатат победата на проевропскиот кандидат, Стево Пендаровски.

Кандидатот за прв човек на државата, Пендаровски, верува дека во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 5-ти мај, ќе се постигне потребниот цензус, имајќи предвид дека ниту една политичка партија не се одлучила за бојкот на изборите.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата