Во Малта запленети 144 килограми кокаин, требало да пристигне во Црна Гора и Албанија

22.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Малта запленети 144 килограми кокаин, требало да пристигне во Црна Гора и Албанија

Повеќе од 144 килограми кокаин беа запленети во пристаништето во Малта, а дрогата беше пронајдена во контејнери чиишто последни дестинации беа Албанија и Црна Гора.

„Тајмс оф Малта“ вели дека контејнерите потекнуваат од, за сега, непознати локации во Јужна Америка.

Во саботата царинските службеници открија 40 пакети кокаин со тежина од 48 килограми во два контејнери, додека во третиот, кој требаше да пристигне во Бар во Црна Гора, беа пронајдени 80 пакети со тежина од 96 килограми.

Проценетата вредност на запленетата дрога изнесува околу 16 милиони евра.

За случајот е започната истрага.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата