Нападите во Шри Ланка може да се одмазда за масакрот во џамиите во Нов Зеланд

22.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нападите во Шри Ланка може да се одмазда за масакрот во џамиите во Нов Зеланд

Терористичките напади во Шри Ланка во неделата може да се одмазда за масакрот во џамиите во Крајтчрч, Нов Зеланд на 15-ти март, во кои загинаа 50, а други 50 беа повредени, изјави за ТАСС советникот на директорот на рускиот Институт за стратешки студии, Елена Супонина.

„Овие напади се поврзани не само со ситуацијата во Шри Ланка и во Јужна Азија, туку и со повиците за глобален џихад што го слушаме од идеолози и терористички организации”, рече таа.

„Можно е терористите да се обидоа да ја влошат ситуацијата во Шри Ланка и во исто време да се одмаздат за нападите во Нов Зеланд. Значи, тоа е алка во еден синџир, и според мое мислење, ваквите напади може да се повторат во блиска иднина” додаде таа.

Според Супонина, џихадистите го одбрале времето за терористички напади по откривањето на дупка во безбедносниот систем. Таа посочи дека на крајот од 2018 година, екстремистите се обиделе да ги нападнат светите будистички локации, но властите ги спречиле тие обиди.

Освен тоа, според мислењето на Супонина, екстремистите полесно ги изведуваат нападите на верските празници.

„Во такви денови луѓето се собираат на многу места, а терористичките напади врз свети места секогаш добиваат масовна реакција, а тоа е она што го сакаат екстремистите”, објасни Супонина.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата