Околу 1.000 уапсени на протестите на „климатските бунтовници“ во Лондон

22.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Околу 1.000 уапсени на протестите на „климатските бунтовници“ во Лондон

Бројот на уапсени меѓу активистите на „Extinction Rebellion“ на 22 април достигна 1.065 лица, а досега се обвинети 53 лица на протестите кои веќе цела недела го нарушуваат мирот во главниот град на Велика Британија, објави лондонската полициска служба, пренесува „Спутник“

Активистите на „Extinction Rebellion“ спроведуваат т.н. кампања за нарушување низ Лондон, блокирајќи го сообраќајот во различни делови на градот од 15 април.

Демонстрантите бараат политичарите да преземат акција за климатските промени.

„Полицијата останува во чести контакти со организаторите за да осигура дека сериозните нарушувања во секојдневието на Лондон ќе завршат што е можно побрзо и дека ќе продолжат само законските и мирни протести,“ се вели во соопштението на „Скотланд Јард“.

Демонстрантите главно биле уапсени под обвинение за блокирање на сообраќајот на клучните улици во Лондон и за оштетување имоти.

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата