Нови официјални фотографии од Lenovo Z6 Pro смартфонот

22.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нови официјални фотографии од Lenovo Z6 Pro смартфонот

Lenovo Z6 Pro ќе биде претставен на 23. април во Кина. Неодамна Chang Cheng, потпретседател на компанијата Lenovo објави фотографија која ја прикажува задната страна на телефонот со четири камери. Сега е објавена и фотографија која ја прикажува предната страна на Z6 Pro телефонот.

Според она што може да се види, Z6 Pro има засек во облик на капка, со една предна камера. Спецификациите на селфи камерата засега се непознати. Фотографијата исто така покажува дека копчињата за вклучување и звук се сместени од десната страна на рамката на телефонот.

Тефонот би требало да има Hyper Vision главна камера, која е способна за фотографии од 100MP, а објавени се и некои фотографии кои укажуваат на ефикасноста на системот со четири задни камери.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата