Кошаркарите на ЛА Клиперс на домашен терен славеа над екипата на Мемфис со 117:105 и ја продолжија низата победи која ги одржува меѓу трите најдобри екипи на Западот. Лук Кенард со 28 поени и Маркус Морис со 25 поени беа најдобри поединци кај домашните.

Далас Маверикс на домашен терен славеше очекувано над Детроит со 127:117. На последните седум натпревари, Далас победи само на два натпревари до оваа пресметка со Детроит, па конечно успеаја да покажат дека можат да одиграат тимски и да продолжат со победите.

Лука Дончиќ со 30 поени, 10 скока и 9 асистенции и овој пат беше предводник на тексашаните, каде Брунсон имаше 20 поени, а Порзингис заврши со 19.

Филаделфија беше близу до враќање од минус 6 разлика на само 6 секунди пред последниот звук на сирената. Центарот на Сиксерс, Жоел Ембид во последната секунда со една рака шутна за тројка, но топката излета од обрачот и не дозволи Филаделфија да се избори за продолженија против Феникс, кој продолжува да ниже победи.

 

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Чикаго 121-105

Индијана – Оклахома 122-116

Филаделфија – Феникс 113-116

Торонто – Бруклин 114-103

Вашингтон – Голден Стејт 118-114

Хјустон – Јута 89-112

Њујорк – Атланта 137-127 (п)

Далас – Детроит 127-117

Сан Антонио – Мајами 87-107

ЛА Клиперс – Мемфис 117-105

Портланд – Денвер 105-106

Сакраменто – Минесота 128-125

sportmedia.mk