ИЗЕДНАЧЕН РЕЗУЛТАТ. ВМРО ДПМНЕ има опција за НОВИ ГЛАСАЧИ во ВТОРИОТ круг, СДСМ ги потроши своите ресурси

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИЗЕДНАЧЕН РЕЗУЛТАТ. ВМРО ДПМНЕ има опција за НОВИ ГЛАСАЧИ во ВТОРИОТ круг, СДСМ ги потроши своите ресурси

Според речиси сите пребројани гласачки ливчиња разликата помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска е околу 4.000 гласови во корист на Пендаровски, што е изедначен резултат кој може да се смени само со гласачи од една општина, а не со промени во гласањето низ цела Македонија.

Резултатот е многу поинаков од анкетите кои се вртеа до неколку дена пред изборите и покажуваа предност на Пендаровски од 2 до 3% на излезеното гласачко тело, што е разлика од околу 25.000 гласа! Од тие предвидени 25.000 гласови за победа на Пендаровски во првиот круг, според анкетите, во реалното гласање останаа едвај 4.000 гласови предност. Анкетите и анкетарите повторно потфрлија.

СДСМ настапи на овие избори во силна партиска колација од четири парламентарни партии: СДСМ, ДУИ, ДПА и Беса со уверување дека ДУИ ќе го одлучи победникот со своите 80.000 гласови кои ги имаа на последните избори, дополнително и 20-тина илјади гласови од македонските Аалбанци на ДПА и Беса. Сумарно, СДСМ призна дека е во подредена положба во однос на ВМРО ДПМНЕ и мораше да се обрати до овие партии на македонските Албанци за да се спаси од пораз во директно соочување со Мицковски и ВМРО ДПМНЕ. 

Математиката на СДСМ се покажа погрешна, и недоволна за победа во првиот изборен круг. Очигледно дека на ДУИ му паднала цената на пазарот до толку што Ахмети, исто како и Заев, немаше храброст да излезе на избори со свој кандидат и да се соочи очи во очи со Алијансата на Зијадин Села, и мораше да се замаскира зад коалицијата со СДСМ.

Едно е јасно, ДУИ веќе нема 80.000 гласачи што е лесно видливо со анализа на гласачите Албанци вкупно, минус оние кои гласаа за кандидатот Река. ДПА со проценка на околу 5.000 гласачи речиси нема гласачко тело, а овој дел од Беса што коалицира со Заев тежи едвај 10-15.000 гласови.

Најголем бојкот на гласањето се случи во општините каде се мнозинство Албанците, и најголема загуба на гласови, освен СДСМ, доживеа токму ДУИ. Со тоа се доведува во прашање и понатамошниот однос на силите во самата коалиција која е сега на власт.

ВМРО ДПМНЕ ги надмина очекувањата. Христијан Мицковски е лидер на таа партија само една ипол година, и тоа во нестандардно сложени и тешки околности, а Гордана Сиљановска е сосема нов лик на десната политичка страна и освојувањето исто гласови во споредба со групата на СДСМ-ДУИ-ДПА-Беса е повеќе од успех. Дотолку повеќе што во директно соочување ВМРО ДПМНЕ освои околу 80.000 гласови повеќе од СДСМ, сметано поединечно - партија против партија. Тоа е сигурен пат до вонредни парламентарни избори и победа на идните избори кога и тие да се одржат бидејќи, со сегашната политика на СДСМ, нивното гласачко тело ќе се намалува и понатаму.

Што може да се очекува?

Тајната е и во голем број неважечки гласови, дури 32.000! Разликата меѓу кандидатите е само 10% од неважечките гласови и мора да се открие зошто тие се двојно повеќе од вообичаеното.

ВМРО ДПМНЕ има реална предност во вториот круг. СДСМ исцрпеа се што може да се земе како сојузник, коалиција, да се заплаши, уапси, присили, купи или поткупи за потреби на гласањето. ВМРО ДПМНЕ имаа и бојкот од страна на дел од своето гласачко тело меѓу оние кои се блиски или истомисленици со одметнатите Никола Тодоров, Ивица Коневски и групата околу нив. Сега, со овој резултат, голем дел од нивните кои бојкотираа имаат пред себе успешна приказна на која ќе сакаат да и се приклучат. 

Освен ова, јасна е и можноста Мицковски и ВМРО ПМНЕ да побараат и добијат поддршка од Зијадин Села и Алијансата на Албанците кои имаат интерес да придонесат во поразот, пред се, на ДУИ и секако на СДСМ. Колкава и да биде таа поддршка, поголема е од 4.000 гласови колку што е предноста на Пендаровски во моментов.

Шансите во вториот круг се лесно видливи, уште полесно пресметливи и извесни. Останува уште само прашањето, дали ќе има воопшто цензус од неопходните над 40% потенцијални гласачи бидејќи, според првиот круг, тој одзив уште сега беше на граница блиску до 40%, а за вториот круг ќе мора да се запне повеќе и да се анимираат нови гласачи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата