Сиљановска-Давкова: Да беше демократска владава, уште вечерва ќе распишеше предвремени парламентарни избори

21.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сиљановска-Давкова: Да беше демократска владава, уште вечерва ќе распишеше предвремени парламентарни избори

Ви благодарам на отворената врата за некого однадвор, за некој како мене, изјави вечерва во штабот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова. Таа им се заблагодари на сите граѓани и вети дека ќе остане посветена на правото и правдата за Македонија.

„За некој како мене, кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на овој систем, на овој режим, на невладеењето на правото, систем потонат во криминал и корупција, тоа е најважно. Опозицијата успеа да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда може само да си кажуваме приказни за ЕУ и НАТО. Само со исполнување на копенхагеншките критериуми може да се дојде до преговори со ЕУ“, рече Сиљановска и потсети на кампањата во која укажуваше дека на Македонија ѝ треба нов профил на лидерство, „европско, храбро интелектуално, кое не импровизира и не лаже“.

Сиљановска во своето обраќање уште истакна и дека допрва следува битката.

„Ако ние добивме толкав број на гласови и ако ги додадеме тие на Блерим Река - приказната е јасна. Обајцата зборувавме за владеење на право и правна држава. Приказната е демократска и европска и само со таква реализација на приказната можеме навистина да зачекориме во ЕУ. Во спротивно, ќе останеме закопани во транзицијата. Не случајно ги поврзувам претседателските избори со новите предвремени парламентарни избори. Да беше демократска владава, уште вечерва ќе распишеше предвремени парламентарни избори. Крајот се насетува. Моите тези се јасни, потврдени во регионот, во држави со европска демократија. Македонија е не само слаба држава, туку во многу елементи и пропадната држава. Потребен е радикален пресврт. Она што го слушаме вечерва е отворена поддршка за она што го ветувавме“, рече Сиљановска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата